Истражување во Израел: Вакцината на фајзер е 92 проценти ефикасна 

Првото големо истражување на вакцината на Фајзер и БиоНТек покажува дека таа е мошне ефикасна во спречување на коронавирусот, пренесуваат светските агенции. Истражувањето на вакцината на Фајзер во Израел против ковид-19 на половина милион луѓе покажа дека таа е многу ефикасна и спречува сериозни болести или смрт, дури и по првата доза.

Вакцината е 92 отсто ефикасна во спречување на сериозна болест по две дози. Проценетата ефикасност во спречување на смртта е 72 отсто две до три недели по првата доза, а тоа можеби се зголемува додека имунитетот расте со текот на времето.

Истражувањето во Израел, каде два месеци од почетокот на програмата за вакцинација со најмалку една доза од вакцината на Фајзер се намали бројот на симптоматски болни од ковид-19 за 94 отсто во сите возрасни групи и тешка форма на болеста. Истражувањето е објавено во о медицинскиот магазин „Њу Ингланд’.

Резултатите од студијата на истражувачкиот институт „Клалит“ ги потврдуваат претходните клинички истражувања дека две дози на вакцината на Фајзер и БиоНТек е ефикасна 95 проценти.

Бевме изненадени, бидејќи очекувавме во вистинскиот живот во кој ниските температури за транспорт на вакцината не може идеално да се оддржуваат и каде луѓето кои се постари и поболни, дека нема да добиеме така добри резултати како во контролирани клинички истражувања. Но добивме и вакцината добро делуваше“, изјави  главниот научник на  студијата Ран Балицер и  додаде дека вакцината добро делува и кај младите и кај потарите, како и кај оние што немаат други заболувања или имаат малку други заболувања

Вакцината е поефикасна меѓу луѓето постари од 70 години и кај младите луѓе, што е подобро отколку што се претпоставуваше рече лекарот од Клиниката Мејо од САД Грегори Поланд, а со него се сложи и лекарот од Универзитетот Вендерит Бади Крич дека по една доза од вакцината се гледа висока ефикасност и спречува смрт.

Вакцината на Фајзер се два во две дози на растојание од три недели во повеќето земји.

Студијата покажува дека вакцината е ефикасна и против новиот британски сој на коронавирусот, кој почна да се шири низ светот, но научниците велат дека не можат да го утврдат точното ниво на ефикасност во тој случај.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот