Истрагата заврши, вработените се вратија на работа: Сомнителниот пакет во фабриката за вакцини на „АстраЗенека“ во Велс е безопасен

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Сомнителниот пакет што бил пријавен за доставен во фабриката во Велс во која се произведува анти-ковид вакцината на „АстраЗенека“ е безбеден и распоредот на производството не е нарушен, соопшти денеска компанијата „Вокхард УК“.

– Може да потврдиме дека е завршена истрагата за сомнителниот пакет што пристигна денеска. Бидејќи безбедноста на вработените е наш врвен приоритет, производството беше привремено запрено, на безбеден начин. Сега може да потврдиме дека пакетот е безбеден и вработените можат да се вратат во фабриката, соопшти „Вокхард“, чија фабрика во Врексам во Велс ја произведува вакцината на „АстраЗенека“.

– Овој привремен прекин на производството во никој случај не влијаеше на нашиот распоред на производство и ние им благодариме на властите и експертите за брзиот одговор и решавање на инцидентот, се заклучува во соопштението.

Фабриката попладнево беше евакуирана, откако доби „сомнителен пакет”, а „Би-Би-Си“ јави дека на местото на настанот била испратена екипа за експлозиви.

Инцидентот се случи во време кога Европската Унија (ЕУ) бара од компанијата да ја снабди со повеќе дози од вакцините на фабриките во Британија, откако „АстраЗенека“ минатата недела ја извести ЕУ дека ќе испорача 60 проценти помалку дози одошто беше ветено за првиот квартал од 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот