Истрагата за смртта на Марадона се ближи кон крајот, лекарите се соочуваат со големи затворски казни

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Истрагата за смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона се ближи кон крајот и оди во насока која на обвинетите лекари кои се грижеа за неговото здравје, ќе им донесе обвиненија со кои ќе се соочат со големи затворски казни.

Аргентинскиот весник „TN Noticias“ имал увид во документите кои ги издале судските лекари и кои му биде доставени на аргентинското обвинителство. Во документите кои ќе бидат објавени на 3. мај стои дека личниот лекар на Марадона, Леополдо Луке како и Агустине Косачов најверојатно ќе бидат обвинети за убиство од небрежност поради што им се заканува затворска казна во траење од осум до 25 години.

Пет лица под истрага поради смртта на Марадона

Во вештачењето на судските лекари кое го иницираше аргентинската влада пишува дека Диего Марадона починал од срцени и хронични проблеми кои ги имал со бубрезите,. Лекарите кои се грижеле за него се обвинуваат за недоволно внимание на пациентот во процесот од опоравување и нега што дополнително влијаело за изненадното влошување на здравјето на Марадона и за неговата смрт.

Исто така во извештајот е наведено дека домот на Марадона не бил доволно и соодветно подготвен за рехабилитацијата по неговата операција на мозокот како и за нестручната проверка и контрола на лекарите бидејќи не приметиле дека неговото срце не работи како што треба.

Адвокатот тврди дека ја знае вистинската причина за смртта на Марадона

ВИДЕО: Аргентинските фанови бараат „правда“ за Диего Марадона

Личниот лекар на Марадона ги фалсификувал потписите на медицинските документи!?

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот