Истрагата против Курц ја намали популарноста на владеачката партија ОВП

Фото: ЕПА

Истрагата против Себастијан Курц за корупција и поткуп ја намали популарноста на Австриската народна партија (ОВП), покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење.

До неодамна, ОВП беше значително најсилната политичка сила, а во последното истражување таа падна на ниво на второпласираната Социјалдемократска партија (СПО).

Според истражувањето на Институтот за демократија и анализа на податоци, ОВП и СПО, по многу години, повторно се изедначуваат.

Во овој момент, ОВП би добила 25 проценти од гласовите, колку што би освоила СПО.

На изборите во 2019 година, ОВП освои повеќе од 30 проценти од гласовите, додека СПО имаше нешто повеќе од 20 проценти.

На второ место е Слободарската партија на Австрија (ФПО), која може да освои 18 проценти од гласовите, два до три повеќе од порано.

Четвртата сила е НЕОС, која може да освои 11 проценти од гласовите, пет проценти повеќе отколку на последните избори.

Исто така 11 проценти од гласовите може да добијат коалициските партнери на ОВП, Зелените, кои паднаа за четири проценти.

Во австрискиот Парламент би можела да влезе и антиваксерската партија „За луѓе, слободи и граѓански права” (МФГ), за која би гласале седум проценти од граѓаните.

На прашањето дали треба да се одржат предвремени избори, 42 проценти одговориле потврдно, а 48 проценти се против. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот