Истрага за терористичкиот напад во Виена: Фејзулаи дејствувал сам, но го поддржувала терористичка мрежа
Истрагата на австриската полиција во случајот на терористичкиот напад на почетокот на ноември во Виена дојде до заклучок дека Кујтим Фејзулаи самиот го извршил нападот, но дека во врска со планот била вклучена исламистичка мрежа.
Австриецот со македонско-албанско потекло набавил оружје кај едно лице, кое за време на викендот беше уапсено.
Фејзулаи минатото лето се обидел да набави куршуми за својата автоматска пушка во Словачка, кога упаднал во очите на словачките безбедносни власти. Словачките власти за тоа го известиле австриските колеги, кои како што испаднало, реагирале предоцна и овозможиле терористички напад на 2 ноември, во кој се убиени четири лица и повредени се повеќе од 20.
Австриската полиција минатиот викенд уапсила, во станот на голема фамилија со потекло од Египет, 21-годишен соучесник. Тој признал дека е де факто набавувач на оружје на исламистите. Со пушка набавена на црниот пазар Фејзулаи испукал околу 80 куршуми на кобниот 2 ноември.
Дури 161 ден после овој настан полицијата успеа да ја разоткрие мрежата на џихадисти. Во рамки на истрагата се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои и исламисти од Швајцарија.
Извор: Блиц.рс