8 C
Скопје

Истрага за можна корупција во Гласот на Америка

Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ), најмила две адвокатски фирми без тендер и со договори на неопределено време во висина од речиси четири милиони долари даночни средства, објави денеска Вашингтон пост.

Во договорите склучени пред неколку месеци, а објавени по жалба на укажувач против Мајкл Пак, директор на УСАГМ, биле наведени исплати за адвокати во висина и од 1.470 долари за час. Пак неволно поднесе оставка, веднаш откако новизбраниот претседател Џо Бајден ја презеде Белата куќа и побара негово итно разрешување.

Документите биле предадени на почетокот на месецов и инспектор од Стејт департментот веќе започнал истрага за можни незаконски дејства и корупција во агенцијата, пишува весникот.

Под УСАГМ спаѓаат државните радиодифузни мрежи Гласот на Америка, Радио слободна Европа/Радио слобода и Радио слободна Азија. Мрежите емитуваат програма во земјите во кои се смета дека слободата на медиумите е загрозена

Прочитајте и...  Поранешниот шпански крал плати 4,4 милиони евра за даноци

Откако беше потврден од Сенатот во јуни 2020 година, до неговото неодамнешно заминување, Пак од агенцијата се обидувал да направи уште еден медиум кој ќе известува поволно за тогашниот претседател Доналд Трамп. Во Гласот на Америка тoj се обидувал да ja искорени „тенденциозноста” против Трамп, наведува весникот. Одамна потврден како независен медиум, многу новинари и службеници од државниот сервис одговориле со тужби и жалби на укажувачи со барање Пак да биде сменет.

Весникот дознава дека Пак ги најмил двете најскапи адвокатски форми од Вашингтон, од кои едната, „Меквајр вудс”, добила поголем дел од исплатената сума, или три милиони долари.

Извор.МИА

Поврзани вести

Филипче: Состојбата на доктор Јота е сериозна, но и стабилна во моментот

Слободен печат

Како пропадна криминалниот план на Дарко Елез и Веља Невоља да го формираат најопасниот клан во Србија

Слободен печат

Канада ја одобри вакцината на „АстраЗенека“

Слободен печат

Авганистанското МНР: Талибанците мора да ги исполнат своите обврски за странските трупи да се повлечат

Слободен печат

СЗО: Во изминатите 24 часа се заразиле 427.000 луѓе со ковид-19 во светот

Слободен печат

Мета бара Владата итно да ги рефундира средствата на граѓаните кои се лекувале во домашни услови и нова анти-ковид стратегија

Слободен печат

Остави Коментар