Истрага за двајца осомничени за разбојничка кражба во Битола

При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истрага како и предлог за определување мерка притвор против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело разбојничка кражба.

Како што стои во соопштението, истрагата е поведена заради основано сомнение дека двајцата соизвршители, заедно со уште едно непознато лице кое според првичните информации од истрагата чувало стража, на 14 април, биле затечени при кражба во стан на улицата „Климент Охридски”.

Ги затекнале двајца соседи кои се обиделе да ги спречат во намерата и да ја известат полицијата, но, осомничените употребилe сила, се нафрлиле врз соседите, ги собориле на скалите при што на едниот сосед му нанеле тешка телесна повреда.

Едниот осомничениот потоа употребил и нож, замавнувајќи кон станарите, по што се дал во бегство и сè уште не е достапен на органите на прогонот. Другиот осомничен е лишен од слобода.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот