Истрага во Германија: Доктор вбризгал смртоносни инјекции на двајца пациенти со тежок облик на ковид-19

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Германската полиција соопшти дека отворила истрага против доктор во Есен за убиство на двајца тешко болни пациенти од ковид-19, објавија властите.

Доктор на возраст од 44 години кој од февруари работел во Универзитетската болница во Есен е осомничен дека убил двајца мажи на возраст од 47, односно 50 години кои лежеле на интензивна нега, а биле инфицирани со коронавирус и имале тежок облик на болеста.

Тамошната полиција истакна оти докторот признал за едно убиство, велејќи оти сакал да го поштеди пациентот и неговите роднини од натамошни страдања.

„Билд“ јавува дека докторот ги известил роднините на пациентите пред да им вбризга смртоносна инјекција.

Болните во Германија може да побараат помош во врска со завршување на сопствените животи врз основа на пресуда што беше донесена во минатата година, но сè уште е нејасно дали се случило тоа и во овој случај.

Болницата во Есен соопшти дека докторот е суспендиран и се наоѓа на распит во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот