Истрага против италијански државјанин за откриена дрога во неговиот багаж на скопскиот аеродром

Фото: Фејсбук

Наредба за спроведување истражна потапка против едно лице донесе Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомнение дека осомничениот 38-годишен италијански државјанин сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот