Истрага против дилер од Скопје

Илустрација, дилери на дрога / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претресот во домот на осомничениот 23-годишник на улица „Саса“, полицијата пронашла психотропна супстанција – 70 картончиња диетиламит на лизергинска киселина (ЛСД), како и 0,34 грама семки од канабис.

Одлучувајќи по предлогот на надлежниот јавен обвинител за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице во текот на кривичната постапка, судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое на осомничениот му определи забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, повремено пријавување кај службено лице во Судот и привремено одземање на патната исправа, односно забрана за издавање нова.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот