Историското 421. „Олд Фирм“ дерби му припадна на Ренџерс (ВИДЕО)

Еден од најголемите светски фудбалски дерби натпревари, популарниот „Олд Фирм“ му припадна на Ренџерс.

Во 421. пресметка, Ренџерс како гостин го совлада Селтик со 0:2 во рамките на 11. коло од шкотската Премиер лига.

Сините од Глазгов релативно лесно дојдоа до победата, а олеснителна околност на тимот кој го предводи легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, беше податокот дека домашните настапија без половина тим поради коронавирус.

Двоен стрелец на наптреварот беше дефанзивецот Конор Голдсон, а головите ги постигна во деветтата и 54. минута.
По 421. дерби пресметка помеѓу двете екипи од Глазгов, Ренџерс сега има 162 победи, додека Селтик славел на 159 натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот