Историско деби на одбојкарите на ЕП

facebook.com/volleyballmkd/

Македонското спортско портфолио од денеска ќе биде „подебело“ со нов настап на една репрезентација на големо натпреварување. Денеска во салата „Стожице“ во Љубљана во 17.30 часот, македонската одбојкарка репрезентација ќе дебитира на Европските првенства. Противникот е по мерка, селекцијата на Финска која се наоѓа во невидена серија на порази.

Одбојкарите два месеци се подготвуваа за настапот на Европското првенство, напорно работеа во три фази, и како одминуваше времето, така и формата се подобруваше. На последните два контролни натпревари кое претставуваа генералка, одбокарите имаа половичен ефект, победа и пораз од Австрија но прикажаната игра влева надеж за историски успех на дебито.

Шансите на одбојкарите за победничко деби се зголемуваат ако се знае дека Финска е во неверојатна губитничка серија од дури 15 порази по ред, без разлика дали станува збор за официјални натпревари од Европската лига, олимписки квалификации или пријателски натпревари.

Поголем дел од поразите беа од силните селекции како Србија, светскиот шампион Полска, учесниците во Светската лига, Аргентина, Канада, но исто така имаат порази и од селекции од типот на Естонија.
Одбојкарите не ги интересира статистиката, тие уверуваат дека најважна ќе биде нивната игра која надополнета до максималната мотивација треба да биде рецептот за победа.

– Конечно доаѓа натпреварот за кој се подготвувавме цело време. Деби настапот на ЕП против Финска е најважниот натпревар за нас. Добро сме подготвени. Се наоѓаме во оптимална форма и тоа пред најважниот натпревар на ЕП кој многу ќе ни отвори доколку го добиеме. Најголем адут ќе ни биде мотивацијата. како и на секој натпревар кога сме играле против фаворит на хартија, секогаш сме успеваме да ги победиме поради мотивацијата и колективната игра – вели мајискусниот „спартанец“, Алексансдар Милков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот