Историски триумф на одбојкарите

Oдбојкарите испишаа нови страници во македонската спортска историја, остварувајќи историска победа на Европските првенства. По ракометарите,  кошаркарите и ватерполистите, одбојкарите се четвртата машка репрезентација која остварила победа на Европско првенство.

Тие со 3:1 во сетови и тоа со 23:25,25:19.29:27:25:20 ја победија Белорусија на ЕП кое се одржува во Словенија и конечно „наплатија“ за добрите игри во претходните средби со Финска, Турција и Русија.

Првиот сет неизвесен до самиот финиш, при 18:18, Белорусите направија серија од 3:0 со која си обезбедија недостижна предност за освојување на првиот сет и тоа со 23:25.

Избраниците на селекторот Матијашевиќ возвратија во вториот сет кој го решија во своја корист со 25:19. Одлучувачки за конечната победа беше третиот сет кој им припадна на македонските одбојкари по тешка и неизвесна игра, полна со пресврти. Белорусите имаа пртедност од 17:13, а потоа и 23:21 но и тоа не беше доволно за освојување на сетот. Капитенот Ѓорѓиев кога беше најпотребно одигра капитенски, и со неговиот смеч Македонија го доби сетот со 29:27.

Во четвртиот сет, уште однапред беше познат победникот, Белорусите кои психички паднаа поради загубата на претходниот сет, немаа сили да одговорат на одличната игра на македонските одбојкари кои сосема заслужено ја впишаа првата победа во македонската спортска историја на Европските првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот