Историски рекорд на Вестбрук, го помина Оскар Робертсон на вечната листа

EPA-EFE/SAMUEL CORUM

Кошаркарите на Атланта го совладаа Вашингтон со 125:124, а херој и трагичар е Расел Вестбрук кој дојде до неверојатен рекорд во НБА лигата, но притоа го промаши шутот за победа.

 

Вестбрук натпреварот го заврши со 28 поени, 13 скокови и 21 асистенции со што дојде до 182. трипл-дабл во кариерата и го помина Оскар Робертсон на првото место на вечната листа по бројот на остварени трипл-дабл учиноци. Сепак, иако дојде до историски рекорд, Вестбрук не успеа на својот тим да му донесе победа бидејќи го промаши шутот за победа во последните секунди.

По поразот, Вашингтон има скор од 32 победи и 37 порази со што се наоѓа на десеттото место во Источната конференција и речиси сигурно ќе игра во плеј-ин турнирот бидејќи Чикаго има скор од 29-39 на четири натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната. Тимот на Атланта во кој најдобар беше Тре Јанг со 38 поени, а Богдан Богдановиќч даде 25 поени, со учинок од 38 победи и 31 пораз се наоѓа на петтото место во Источната конференција.

Трката за плеј-ин турнирот во Западната конференција станува се понеизвесна, а Њу Орлеанс е се подалеку од 10. место на табелата.
Тие загубија од Мемфис со 115:110 кој со скор од 35 победи и 33 порази си го обезбеди учеството на плеј-ин турнирот. На овој натпревар блескаше Јонас Валанчиунас со 20 поени, 11 скокови и пет блокади, додека кај Њу Орлеанс кој играше без зајон Вилијамс, Брендон Инграм, Стивен Адам и Џош Харт, најефикасен беше Никел Александер-Вокер со 18 поени.

Сан Антонио со 146:125 го победи Милвоки и соедната нога е во плеј-ин турнирот.
Демар Дерозан го предводеше Сан Антонио кој има учинок од 33 победи и 35 порази. „Мамузите“ поставија клупски рекорд постигнувајќи дури 87 поени во првото полувреме.

Демиен Лилард го носи Портланд директно во плеј-офот откако неговиот тим славеше со 140:129 против Хјустон. Лилард беше најпрецизен со 34 поени.

Стеф Кари со тројката на 14 секунди до крајот му донесе победа од 119:116 на Голден Стејт против Јута џез.

Резултати:
Атланта – Вашингтон 125:124
Кливленд – Индијана 102:111
Мемфис – Њу Орлеанс 115:110
Сан Антонио – Милвоки 146:125
Глден Стејт – Јута 119:116
Портланд – Хјустон 140:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот