КошаркаСпорт

Историски пресврт на ЛА Клиперс (ВИДЕО)

Тимот од Лос Анџелес се врати од негатива од 31 поен.

Екипата на ЛА Клиперс го направи првото големо изненадување од стартот на плејофот победувајќи го актуелниот шампион Голден стејт со 135:131. Клиперси притоа успеаја да го направат најголемиот пресврт во историјата на плејоф натпреварите успевајќи да надополни негатива од дури 31 поен.

ЛА Клиперс во третата четвртина Голден стејт во 29. минута имаше предност од 94:63 но тимот од Лос Анџелес до крајот на натпреварот постигна неверојатни 72 поени за победа од 135:131 и израмнување на 1:1 во победи во серијата кој прв до четири победи. Лу Вилијамс со 36 поени беше најпрецизен во победничкиот тим, а Мотрезл Херел даде 25 поени со 10 скокови.

Изненадување не дозволи Филаделфија сиксерс и со 145:123 го совлада Бруклин Нетс и израмни на 1:1 во победи. Џоел Ембид постигна 23 поени, а Бен Симонс имаше трипл-дабл учинок од 18 поени, 10 скокови и 12 асистенции.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close