Историски план на Макрон: Осум милијарди евра помош за производителите на автомобили

Францускиот претседател Емануел Макрон претстави „историски план” за помош од осум милијарди евра на производителите на автомобили, значително погодени од последиците од пандемијата.

Тие пари треба да се користат и за модернизација на тој сектор во Франција, така што државата ќе стане лидер во производството на електрични автомобили.

– Државата ќе даде нешто повеќе од осум милијарди евра за тој сектор, рече Макрон за време на посетата на фабриката за делови за автомобили „Валео” во Етабл, на север на Франција.

Макрон рече дека целта на таа помош е Франција да стане првата европска земја во производството на „чисти автомобили” во наредните пет години, со повеќе од еден милион електрични и хибридни автомобили годишно.

За да го поттикне купувањето автомобили што опадна за време на пандемијата, Макрон синоќа најави зголемување на „еколошки субвенции” за набавка на електрични возила на 7.000 евра за граѓаните и 5.000 евра за компаниите, како и субвенција од 2.000 евра за хибридни возила. Планирани се и субвенции за продажба на возила по системот „старо за ново”.

Макрон рече дека француско-германскиот план за субвенции од 500 милијарди евра, претставен на Ангела Меркел минатата недела, е „наменет за поддршка на најранливите сектори”.

Макрон разговараше со генералниот директор на „Рено”, Жан-Доминик Сенар, а потоа и со околу триесетина директори од автомобилскиот сектор за мерките што треба да се преземат за да се извлече автомобилската индустрија од тешкотии со 400.000 вработени и уште 500.000 луѓе во активности поврзани со производство на автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот