Историски натпревар меѓу Северна и Јужна Кореја: Одиграа без голови, без пренос и без публика!

Фото: Принтскрин

Историско прво гостување по 29 години имаше фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, кај својот северен сосед Северна Кореја, а натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022, заврши 0-0.

Поради страв од можен пораз од земјата која ја сметаат за непријател, било забрането да има публика на трибините на стадионот со капацитет од 50.000 седишта.

Но, во ложата беше претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, Џани Инфантино.

Освен тоа што немаше публика, немаше ниту телевизиски или интернет пренос. Гостите не добиле ниту ДВД снимка од натпреварот. Се знае само дека натпреварот завршил без голови, дека имало по два жолти картона на двете страни, а фотографиите кои се појавија, се од луѓе од делегацијата на Јужна Кореја. Иако главните градови на двете земји се блиску, гостите кај својот сосед дошле преку Кина. Летале прво од Сеул до Пекинг, а откако добиле дозвола, од Пекинг заминале за Пјонгјанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот