Историски натпревар меѓу Северна и Јужна Кореја: Одиграа без голови, без пренос и без публика!

Историско прво гостување по 29 години имаше фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, кај својот северен сосед Северна Кореја, а натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022, заврши 0-0.

Поради страв од можен пораз од земјата која ја сметаат за непријател, било забрането да има публика на трибините на стадионот со капацитет од 50.000 седишта.

Но, во ложата беше претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, Џани Инфантино.

Освен тоа што немаше публика, немаше ниту телевизиски или интернет пренос. Гостите не добиле ниту ДВД снимка од натпреварот. Се знае само дека натпреварот завршил без голови, дека имало по два жолти картона на двете страни, а фотографиите кои се појавија, се од луѓе од делегацијата на Јужна Кореја. Иако главните градови на двете земји се блиску, гостите кај својот сосед дошле преку Кина. Летале прво од Сеул до Пекинг, а откако добиле дозвола, од Пекинг заминале за Пјонгјанг.

Прочитајте и...  Неверојатна поддршка на навивачите на Бреша за медицинските работници (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Силвио Берлускони го „мерка“ Несторовски!?

Слободен печат

Ибра: Доколку од првиот ден играв за Милан, ќе бевме шампиони!

Слободен печат

Трката за титулата сè уште е отворена: Јувентус не го искористи подарокот од Лацио (ВИДЕО)

Слободен печат

Варди го спаси Лестер од пораз

Слободен печат

Кристијано Роналдо мисли на сè: Има и личен тренер за спиење

Слободен печат

Шоу на Конте по поразот од Болоња, еден час им се дерел на своите фудбалери

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Наполи ја намали сумата која ја бара за Кулибали

Слободен печат

Стативата и Зума го спасија Челси (ВИДЕО)

Слободен печат

Ростов го презентира најдоброто од Тошевски (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонското чудо од дете Тошевски направи милионски трансфер во Ростов

Слободен печат

Надал останува во Европа, не игра на УС Опен?!

Слободен печат

Скандалот не стивнува: Пеналот против Реал Мадрид не е досуден поради лош превод на правилата

Слободен печат