Историски договор во недела: Банката Ју-Би-Ес ја купи Кредит свис за две милијарди долари за да се спречи глобална криза

Фото: EPA/PETER KLAUNZER

Банката Ју-Би-Ес се согласила да ја купи швајцарската банка Кредит свис во историски договор, со посредство на швајцарската влада, со цел да врати довербата и да се спречи кризата што се заканува да ги зафати глобалните светски пазари, пренесува Блумберг. Швајцарската банка ќе плати нешто над две милијарди долари за оваа трансакција, тврдат упатени лица. Се работи за купување на сите акции за цена која е само дел од проценетата вредност на Кредит свис во петокот, кога изнесуваше околу осум милијарди евра, додава Блумберг.

Швајцарската национална банка на Ју-Би-Ес ѝ нуди линија за ликвидност од 100 милијарди долари, а швајцарската влада дава гаранција од девет милијарди франци за превземање на потенцијалните загуби од имото што го купува Ју-Би-Ес.

Претставниците на двете банки одбија да го коментираат овој план, кој е договорен набрзина и во настојување да се реши огромниот пад на акциите и обврзниците на Кредит свис по колапсот на помалите американски кредитори. Заштитата на ликвидноста што ја спроведе швајцарската централна банка кон средината на мината седмица не успеа да ја заврши драмата што се закануваше дека ќе ги набрка клиентите и што може да има последици за целата банкарска индустрија.

Американските власти соработуваат со своите швајцарски колеги затоа што обата кредитодаватели имаат операции во САД и се сметаат за системски важни во Швајцарија, а властите бараа да се направи договор пред да се отворат пазарите во Азија во понеделник.

Ју-Би-Ес претходно дала понуда од милијарда долари за Кредит свис, но оваа банка ја одбила таа понуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот