ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА БИТКОИНОТ: Инвеститорите со нетрпение го чекаат мај

Биткоин / Фото: Архива

Инвеститорите во криптовалути со нетрпение го чекаат мај кога би требало да се случи, според многу аналитичари, денот Д за биткоинот.

На 12 мај оваа година според некои извори ќе се случи таканаречено ново преполовување, што на поедноставен начин значи дека во еднакви временски интервали како досега ќе доаѓаат двојно помалку биткоини. Некои веќе предвидуваат дека цената на биткоините ќе се зголеми, како што се случило по првото и второто преполовување, односно во 2012 и 2016 година, пишува „Сибиз“.

Последица на таканареченото биткоин рударење, што е компјутерско барање на решенија за тешки математички проблеми, резултира со додавање на нови блокови на записи за транскации на криптовалути во ланецот на блокови на податоци на биткоинот или таканаречен „блокчеј“.

Секој нов блок се додава на ланецот на биткоини во просек на секои десет минути. Ова прави нови биткоини со кои се наградуваат рударите. Оние кои со рударењето допринеле со поголема компјутерска моќ, добиваат релативно поголеми награди.

Моментално има многу поголем интерес за следното преполовување отколку пред четири години, кога криптовалутите уште не биле предмет на инстерес на поголемиот круг на малите инвеститори.

Иако минатиот раст на цените на биткоинот не се показател на иден раст, можно е на зголемениот интерес за купување на биткоини во наредните недели да влијаат минатите преполовувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот