Историска титула за Ешли Барти на Ролан Гарос – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеОстанатoСпорт

Историска титула за Ешли Барти на Ролан Гарос

Барти по пауза од 46 години и донесе на Австралија триумф на Ролан Гарос со женска конкуренција откако во финалето ја демолира Маркета Вондрушова со 6:1,6:3.

Ешли Барти е победничка на вториот годинешен Гран слем турнир, Ролан Гарос откако во финалето ја победи чешката тенисерка Маркета Вондрушова со убедливи 6:1,6:3.

Благодарение на триумфот на Ролан Гарос, од понеделник ќе го има најдобриот пласман во кариерата, ќе биде на втората позиција на ВТА ранг листата, веднаш зад Наоми Осака. Победата на Барти, значеше крај на постот долг дури 46 години, таа стана првата Австралијка по Маргарет Корт од 1973 година која победила на Ролан Гарос.

На 23-годишната Барти за триумфот и беа потребни 72 минути, а клучен момент за триумфот
беше односот во директните поени, Барти имаше дури 27 поени, додека Вондрушова само 10 поени.

Австралиската тенисерка само еднаш, во првиот сет при водство од 4:0 но таа направи дури три брејка што беше доволно за убедливи 6:1 во првиот сет.

Со доминантната игра продолжи и во вториот сет, немаше проблеми на свој сервис, додека во два наврати успеа да направи брејк со што дојде до првата Гран слем титула.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close