Историска шанса за Ѓоковиќ: Во Астана може до резултат кој светот го чека 12 години

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Во финалето на АТП турнирот во Астана, Казахстан, за трофејот ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас (денеска, 12.30 часот).

Српскиот тенисер Ѓоковиќ бележи феноменални резултати во последните две недели. Им се врати на мечевите за АТП бодови, па прво го освои турниот во Тел Авив (серија 250), а сега стигна и до финалето во Астана (серија 500).

Токму во Астана Ноле има историска шанса, доколку во финалето го совлада грчкиот тенисер Циципас, ќе направи резултат кој светот го чека 12 години. Толку поминаа од кога Швајцарецот Рожер Федерер освојуваше турнири од четири категории (250, 500, 1000 и грен слем) во една година.

Во 2010 година, Федерер освои титули во Стокхолм (250), Базел (500), Синсинати (1000), додека во Мелбурн го крена Грен слем трофејот. Ѓоковиќ оваа сезона беше победник на Вимблдон, Мастерсот во Рим и турнирот во Тел Авив во категоријата 250. Турнирот во Астана е во категоријата 500 и токму тој му носи можност да го стигне Федерер.

Ѓоковиќ, само со пласманот во финалето во Астана, успеа да ја штиклира и 22 земја каде стигна до борбата за пехарот. Играше финални мечеви и во Канада, Холандија, Израел, Казахстан, САД, Франција, Обединетите Арапски Емирати, Австралија, Португалија, Австрија, Шпанија, Италија, Обединетото Кралство, Србија, Швајцарија, Кина, Јапонија, Монако, Катар, Хрватска, Тајланд и Германија, а во овој сегмент го престигна Федерер кој играше во финалните дуели во 21 земја. Пред нив е само Рафаел Надал, кој за пехарот се бореше во 23 земји.

Навивачите одлучија: Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот