Историска одлука, Ливерпул прави ДВА тима! (ФОТО)
Редси потврдија дека четвртфиналниот натпревар од англискиот „Лига куп“ против Астон Вила ќе го одигра на 17 декември декември оваа година.
Наредниот ден на 18 декември фудбалерите на германскиот менаџер Јирген Клоп ќе имаат и настап на Светското клупско првенство во Доха (Катар).
Our #CarabaoCup quarter-final tie at @AVFCOfficial will take place on Tuesday 17th December. https://t.co/XyxwTy3wbB
— Liverpool FC (@LFC) November 5, 2019
Во полуфиналето Ливерпул ќе игра со победникот од четвртфиналната пресметка Монтереј (Мексико)/Ал Сад (Катар)-Хингхен Спорт (Нова Каледонија). Финалето на Светското клупско првенство во Доха ќе се игра на 21 декември.
Редси официјално потврдија дека ќе склопат два состави за споменатите натпревари на 17 и 18 декември.
Но, од друга страна екипата од „Енфилд“ истакнува ова не бепе идеално сценарио, тоа е исход што беше постигнат со најдобри интереси за натпреварувањата, другите клубови и самите себеси како единствениот мотивирачки фактор.