Историска ноќ за Леброн Џејмс, го помина Коби Брајант и стана трет најдобар стрелец во историјата на НБА (ВИДЕО)

твитер

Кошаркарот на ЛА Лејкерс дојде до бројката од 33.655 поени во кариерата и сега пред него се само уште Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.

Лос Анџелес лејкерс загуби со 108:91 на гостувањето кај Филаделфија, но натпреварот помина во знакот на Леброн Џејмс кој стана третиот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.


Џејмс во поразот постигна 29 поени и застана на бројката од 33.655 поени, 11. повеќе од Коби Брајант, а пред него се уште само Карл Мелоун со 36.928 поени и Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.


Леброн е најдобар стрелец во историјата на плејоф натпреварите со 6.911 но овие поени не влегуваат во оваа бројка, бидејќи се однесува само за поени во натпревари од регуларниот дел од сезоната.

 

Резултати:
Детроит – Бруклин 111:121
Кливленд – Чикаго 106:118
Минесота – Оклахома сити 103:114
Филаделфија – ЛА лејкерс 108:91.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот