Историска 100-та пол позиција за Хамилтон

epa09185324 British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas reacts after the qualifying for the Formula One Grand Prix of Spain at the Circuit de Barcelona-Catalunya in Montmelo, Spain 08 May 2021. EPA-EFE/Gabriel Bouys / POOL

Возачот на Мерцедес и актуелен Ф1 шампион, Луис Хамилтон денеска ја оствари историската 100-та пол позиција. Хамилтон беше најбрз во квалификациите за утрешната трка за ГН на Каталуња и стана првиот формула 1 возач кој стигнал до 100 поло позиции во историјата на Ф1.
– Не можам да верувам дека дојдовме до 100. Ова е заслуга на луѓето во фабриката, работата со нив е како во сон. Кој на крајот од 2012 година би помислил дека ќе дојдеме до стотката. Возбуден сум, како да ми е прва пол позиција – изјави Хамилтон.

Второто место му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, додека колегата на Хамилтон, Валтери Ботас ќе стартува од третата позиција.
од четвртото до десетото место се најдоа Шарлс Леклер, Себастијан Окон, Карлос Саинс, Даниел Рикиардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.Трката за Големата нагрдата на Шпанија се води утре од 15 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот