Историјата се повторува, Нејмар се повреди пред роденденот на неговата сестра

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот шампион објави дека во наредните месец дена ќе остане без својот напаѓач Нејма кој се повреди на натпреварот од третото коло во францускиот Куп против Каен.
Поради повредата, Нејмар нема да може да настапи на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона кој се игра за пет дена, но може иако не е сигурно, да се врати за реваншот кој е закажан за 10. март.
Фановите веднаш реагираа на социјалните мрежи кои ги „окупираа“ со објави дека ова е продолжение на „проклетството на Нејмар“, кој случајно или не, секоја година се повредува во јануари или февруари. Причината за тоа е добро позната на сите, Нејмар не сака да го пропушти роденденот на својата сестра кој е на 11. март.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот