Историјата можеше да биде различна, Салах не беше првата опција на Клоп!

Екс европскиот шампион до Рома за услугите на Египќанецот плати 40 милиони евра, и резултатите беа одлични за менаџерот Јирген Клоп и играчите.

Мохамед Салах е еден од најдобрите играчи во светот, и дефинитивно Ливерпул направи вистински потег со ангажирање со обезбедување на неговиот потпис.

Египетскиот интернационалец има голем и важен придонес во досегашните големи успеси на „црвените“ (91 гол, 37 асистенции, 144 натпревари), но сè можеше да биде поинаку тоа лето во 2017 година.

Тогаш пред Салах да се пресели на „Енфилд“, овој клуб преговараше со Лестер за трансфер на Ријад Марез кој пак ги водеше „лисиците“ до историска титула.

Но, Лестер бараше премногу пари, околу 70 милиони евра, па Ливерпул ги насочи погледите кон „поевтиниот“ Салах.

Екс европскиот шампион до Рома за услугите на Египќанецот плати 40 милиони евра, и резултатите беа одлични за менаџерот Јирген Клоп и играчите.

Во првата сезона Салах испиша историја, ја предводи екипата до финалето на ЛШ, но таму Серхио Рамос го спречи да го подигне трофејот, но не и Тотенхем наредната година во Мадрид.

Ливерпул стана шампион на Европа, а сезонава е многу блиску и до шампионскиот трофеј во Премиер лигата кој се чека долги 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот