Историјата можеше да биде поинаква, Харден наместо во Хјустон требаше да замине во Вашингтон

фото: твитер

Џејмс Харден во 2012 година да не биде во сенка на Расел Вестбрук и Кевин Дурант од Оклахома сити тандер се пресели во Хјустон рокетс. Со доаѓањето во Хјустон, Харден доби слобода во играта и израсна во еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата.

Ѕвездата на Вашингтон визардс, Бредли Бил, открива дека лесно можело да се случи Харден наместо во Хјустон да заврши во Вашингтон.

twitter/Wizards Nation

– Мојата вечер на НБА драфтот беше луда, токму на тој ден ми беше роденден. Имав претчуство дека ќе бидам избран како втор или трет пик на драфтот. Знаевме дека Ентони Дејвис ќе биде прв пик, така што бев сигурен дека ќе одам уили во Шарлот или во Вашингтон, но кога седевме во собата, агент ми пријде и ми рече: Можеби ќе одиш во Оклахома.

Тоа ме замисли, како да одам таму, кога пред драфтот немав ниту еден тренинг таму. Тренирав само со три екипи, Вашинтон, Шарлот и Кливленд. Но, потоа дознав дека имало разговори со Оклахома која била подготвена да го даде Харден во замен за вториот или третиот пик. Беше блиску да се случи да заиграм со Расел и Кевин, но Оклахома во последен момент се откажа од размената
– открива Бредли Бил кој беше избран од Вашингтон како трет пик на драфтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот