Источна Европа како во пролетниот пик на пандемијата на ковид-19: Нови 10.000 случаи во Русија, рекордни дневни бројки во Украина и во Полска

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Источноевропските земји Украина и Полска денеска забележаа најголем дневен број на новозаразени со коронавирус од почетокот на епидемијата, додека бројот на нови случаи во Русија е речиси 10.000, како и за време на најголемата криза кон средината на мај.

Русија денеска пријави 9.859 нови случаи на ковид-19, што е најголем дневен број на заразени од 15 мај, период на пикот на заразата. Рускиот кризен центар за коронавирус објави дека се потврдени 174 смртни случаи во последните 24 часа, со што бројот на починати во земјата достигна 21.251.

Руската вицепремиерка за здравство, Татјана Голикова вчера призна „сериозно зголемување” на случаите на коронавирус во земјата, но тврди дека нејзината земја е подготвена да се соочи со тоа.

Украина денеска пријави 4.661 нови случаи на коронавирус, што е дневен рекорд по бројот на заразени, кој рапидно расте од крајот на септември.

Полска објави најголемо дневно зголемување на бројот на заразени досега од 2.367 случаи, соопшти министерството за здравство, што е трет ден по ред бројот на заразени да достигне толку високо ниво. Исто така, пријавени се и 34 смртни случаи поврзани со Ковид-19 во земјата.

Рекордни дневни зголемувања на новоинфицираните лица од почетокот на епидемијата се забележани деновиве и во Чешка и во Словачка.

Чешка вчера потврди нови 3.493 случаи на коронавирус, што е најголем број од избувнувањето на епидемијата во земјата во март. Вкупниот број на случаи во земјата со 10,7 милиони жители е 74.255 позитивни лица и 678 починати како последица на ковид-19. Словачка во средата имаше 797 нови инфекции, што е рекорден број на случаи втор ден по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот