ИСТО КАКО ЧИЛАВЕРТ: Голман изведе слободен и погоди во 89 минута! (ВИДЕО)

Беа одиграни мечевите од 27 коло во втората норвешка лига, а рундата го одбележа 25-годишниот голман на екипата Уленаскер/Киса, Стефан Хагеруп.

Овој тим гостуваше кај составот на Скеид и имаше негатива до самиот финиш на натпреварот.

Тогаш на сцена стапи Хагеруп, одлучи да го изведе слободниот удар и одлични реализираше за израмнување.

Секако, овој гол веднаш ги потсети сите љубители на фудбалот на некои голмани од минатото, како Чилаверт или Рожерио Сени.

Хагеруп голот за 1:1 го постигна во 89. минута од средбата, а четири минути подоцна, во последните моменти од мечот, Диоманде погоди за пресврт и победа на гостите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот