Истите фустани на девериците се РИМСКА ТРАДИЦИЈА, а причината за тоа е малку морничава

деверици свадба

На многу свадби гледаме како девериците на невестата се облечени во исти фустани. И додека на едни овој тренд им се допаѓа, на други им е смешен и нелогичен.

Некој би рекол дека се работи за т.н. помодарство, но всушност ова е традиција која ја започнале старите Римјани поради суеверие.

Во времето на старите Римјани, придружничките на невестата носеле иста облека со цел да ја заштитат од злите духови, во случај да ја нападнат. Тие служеле како „мамка“ за овие духови, но и како заштита од поранешни момчиња или додворувачи на невестата.

Нивната улога била да го одвлечат вниманието на несаканите гости бидејќи по староримските верувања, девериците се заштитнички на невестата.

На свадба сте? ОВИЕ ГРЕШКИ СО ОБЛЕКАТА никако не смеете да ги правите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот