Истекува рокот: Ќе ги исполни ли Владата ветените барања, aктивистите во исчекување

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Граѓанските активисти кои се обединија со цел сите да живееме во почиста средина и да дишеме поквалитетен воздух, се во исчекувања на првиот рок за исполнување од нивните над 100 барања (31.12.2019), кои Владата им вети дека ќе ги исполни.

Во меѓувреме, #ЗеленФронт на здружени над 35 граѓански движења, иницијативи, организира втор протестен марш, во петок, 20-ти декември.

Времето и маршутата остануваат исти од претходниот марш, во 17 часот пред Министерството за животна средина, а крајна цел на активистите е пред Влада.

Активистите велат дека ќе останат на улиците, со цел да ги потсетат функционерите за нивните барања, затоа што, како што велат,  ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент!

Граѓанските активисти на Фејсбук упатуваат пораки во кои велат дека граѓаните се борат за живот од ден за ден.

-Умираме во илајдници годишно од загаден воздух. Мутираме, пренесуваме на поколенијата болести поради сеопфатната загаденост во која живееме, во која се раѓаат нашите деца. Белите дробови ни се зацрнети, иако не сме сите пушачи. Живееме во време на еколошка катастрофа. Се бориме за својот живот низ цела држава, против каменоломите над нашите глави чија прашина нè гуши, постојаните експлозии ни ги ронат домовите, против рудниците чии вековни отрови ќе останат да стојат над нашите земјоделски полиња, домови, против малите хидроцентрали кои ни ги земаат нашите реки кои пресушуваат за нас, против уништувањето на единственото светско природно и културно наследство кое го имаме, едно од 39те во цел свет, против изумирање на езерата, против уништување на шумите, против депониите на секој чекор, против отровните чадови кои постојано се шират од нив, против канцерогениот дим од запалените кабли и гуми, против игнорирањето на Ромите кои живеат во пост-апокалиптични услови во нашето непосредно соседство, против зградите кои никнуваат околу нас и ни го одземаат хуманиот живот, … се бориме секој ден со сите еколошки катастрофи кои ни се случуваат во земјава- стои во постот на Зелениот фронт.

https://www.facebook.com/events/3277556435647739/

Активистите бараат да се исполнат основните предуслови за да се покаже дека навистина животите на граѓаните значат, дека илјадници прерано починати и заболени се причина човечките животи да станат приоритет на оваа држава.

-Нашите над 100 барања се тие предуслови со кои власта ќе покаже дека навистина СМЕ приоритет, НИЕ, НАШИОТ ЖИВОТ и ЗДРАВЈЕ. Ова е Марш за нашите животи низ цела земја, Скопје, Битола, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица, Ново Село, Иловица, Штука, Струга, Охрид, Возарци, Кавадарци, Чифлик, Демир Капија, Жировница, Лабуништа, Шлегово, Пробиштип….  Нема компромис со барањето за чист воздух! Нема изговори за непреземањето на мерки! Нема пауза во борбата за здрава животна средина- велат оттаму.

ГАЛЕРИЈА l Илјадници граѓани од цела Македонија најгласно до сега порачаа: Сакаме да ДИШЕМЕ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот