Истече рокот: До ДИК поднесени вкупно 2.141 приговори

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

До Државната изборна комисија вечерва до 19:30 часот кога истекува рокот поднесени се вкупно 2.141 пригобори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Попладнево пред истекот на рокот  1982 приговори поднеле од Левица, а порано денеска Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори.

Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара, од кои најголем број – 74, се исто така од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, нема поднесено приговори за овие избори.

Синоќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК се очекува да закаже седница утре, а нјдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот