Истече амонијак во француска фабрика, 14 лица повредени

Француска полиција/ Фото: ЕПА

Четиринаесет лица се повредени поради истекување на амонијак во хемиска фабрика во близина на Бордо, југозападна Франција.

Несреќата се случила при полнење на камион-цистерна со  течен амонијак. И покрај преземените безбедносни мерки на претпазливост, се формираше облак од амонијак, соопштија локалните власти.

По инцидентот евакуирани се работниците од фабриката за земјоделски ѓубрива и производи, како и блискиот објект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот