Истанбул: Сите очи вперени во Врховниот изборен совет

EPA/SEDAT SUNA

По завршување на периодот за редовни приговори за локалните избори што беа одржани на 31 март, Врховниот изборен совет на Турција, денес ќе ги разгледа вонредните приговори на владејачката коалиција за укинување повторно одржување на изборите во Истанбул.

Според „НТВ“, Врховниот изборен совет ги прифати и ќе ги разгледа приговорите на владејачката коалиција за Истанбул во врска со нерегуларности во избројувањето на гласовите.

Приговорите се однесуваат на нерегуларностите околу избројувањето на гласачките ливчиња, изгубените гласачки ливчиња, гласањето на лицата со ограничувања, нерегуларностите во гласачките листи, и дека фалеле печати на некои од гласачките сандачиња и гласачките листи.

Од Врховниот изборен совет соопштија дека одлуката за приговорите на владејачката коалиција за повторување на изборите во Истанбул ќе биде донесена во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот