ИСПОВЕД: Со години ме силуваа и малтретираа зошто сакам девојки (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Кога имав 13 години, првпат бев силувана затоа што бев заљубена во девојка која имаше исто име како едно овошје. Потоа, секојдневно добивав ќотек. Шамарите и одбутнувањата престанав да ги бројам откако бев силувана по втор пат, кога имав 15 години, наведува Кристина Кастелац, денес 23-годишна девојка.

Родена во Белград, опкужена со љубов од семејството, а на 12 години првпат вистински се заљубила.

– Имаше исто име како едно овошје и нејзиното смеење одѕвонуваше. Се сеќавам на нејзините крупни, темни очи, и како ги прекрстуваше рацете кога ќе се налутеше. Се сеќавам и на нејзиниот глас, дури и денес, како повторно да сме во паркот кај незјзината зграда – ја опиша Кристина својата љубов од младоста, во емотивна порака на социјалните мрежи.

Тука исто така ги наведе и својите чувства и љубовта која набрзо станала предмет за изживување на јавноста.

– На улица ми дофрлаа, ми поставуваа непријатни и непримерни прашања. Потполни странци се чувствуваа дека имаат право да ми пријдат и да ми се заканат дека ќе ме заколат – посочи Кристина.

Кога имав 17 години ме силуваше познаник кој мразеше хомосексуалци, и кој имаше став дека лезбејките се добри само за една работа. Од 13 до 18 години бев прогонувана од страна на првиот маж кој ми покажа какво е чувството кога некој те мрази, кога некој мисли дека твојот живот не вреди ништо. Ме прогонуваше за да се осигури дека никогаш нема да заборавам што ми направи, и да не заборавам каде ми е местото, вели Кристина, опишувајќи ја ситуацијата во која се наоѓала со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот