Исповед на жена на која била тестирана вакцината на „Фајзер“: Се чувствував одвратно, но мило ми е што ја примив

Фајзер вакцина
Фајзер / Бионтек вакцина против коронавирус / Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE

Кога фармацевтската компанија Фајзер неодамна објави дека е завршена третата фаза од испитувања на нивната вакцина против коронавирусот која покажува дека е 95 отсто ефикасна, се појави надеж дека сепак на крајот на тунелот не чека светлина, но исто така ги наметна прашањата: какви се несаканите ефекти од вакцината, дали е поеднакво ефикасна за сите демографски групи и што точно значи вакцинацијата?

Корисничка на „Имгур“ – „mademsmith“ е една од учесниците на испитувањата на вакцините и одлучила своето искуство да го сподели со другите.

На самиот почеток таа објаснува дека станува збор за испитување каде некои учесници добиле плацебо, а некои вистинска вакцина, и дека таа се уште не знае дали ја примила вакцината, но неколку фактори укажувале на тоа дека ја примила. Таа вели дека се пријавила да учествува бидејќи работи како медицинска сестра во брзата помош, па припаѓа на високо ризичната група. Заедно со неа се пријавил и нејзиниот дечко, кој работи како психолог во училиште.

– Другата причина е бидејќи многу верувам во науката. Како студент од насоката за молекуларна биологија, прилично добро ја разбирам научната позадина на вакцините, ризиците и предностите, како и научните методи. Верувам во оваа вакцина и се надевам дека ќе охрабрам уште некои од вас. Трето, луѓето се потребни за тестирање на вакцините. Млада сум и здрава и како таква изложена сум на помала опасност од несакани ефекти, објаснува таа.

Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Вакцината на „Фајзер“ се дава во две дози, во растојание од околу три недели. Вакцината се чува на температура од минус 90 целзиусови степени, што значи дека се потребни околу 30 минути да се одмрзне.

Прв термин:

„Првиот пат не чекаа повеќе документи и формулари за согласност. Ни извадија крв која ни ја тестираа на антитела и ковид-19, а потоа ни направија ковид тест преку земање на брис од нос“, вели „mademsmith“.

Кога ги потпишале сите документи, таа и дечкото чекале 30 минути да се одмрзне „вакцината“, која потоа тие ја примиле.

„Почекавме уште 30 минути за да се види дали навистина немаме реакција или непосакувани ефекти. Немавме ништо“, вели таа.

Во тој момент таа не можела да претпостави дали ја примила вакцината или не.

„Се надевав дека ја примив вакцината, бидејќи често доаѓам во контакт со пациенти заболени од ковид-19. Но, ништо не укажуваше ниту на едното, ниту на другото. Еден ден по вакцинирањето, и двајцата бевме многу изморени, но за тоа го обвинивме вадењето на крв“, вели таа.

Втор термин:

Парот повторно имал документи за потпишување, но овој пат без вадење на крв. Повторно им бил земен брис од носот, а потоа повторно чекале 30 минути за вакцината и 30 минути за набљудување.

„Ниту овој пат немаше ништо што би укажало на тоа дали ја примивме вакцината или плацебо, се до несаканите дејства. Повторувам дека и понатаму не знам што примив, зборувам само според своето искуство. Двајцата после примањето на втората вакцина се разбудивме во три наутро со малку повисока температура, болки во грлото, се чувствувавме одвратно и се прашувавме дали имаме ковид-19. Тој ден не заминавме на работа. Како што поминуваше денот, се чувствувавме се подобро“, опишала таа.

Температурата до вечерта им се спуштила, па следниот ден веќе се им било вратено во нормала.

„Знаевме дека немаме ковид-19 заради резултатите од брисот од носот при второто доаѓање. Тогаш се посомневавме дека сме ја примиле вистинската вакцина, а не плацебо. Ги проверивме извештаите и нашите симптоми – класични симптоми на грип, кои биле забележани и кај луѓето во првата фаза од тестирање на вакцината на „Фајзер“, вели таа.

Исто така, како причина поради која таа мисли дека ја примиле вакцината, наведува дека после првата вакцина се чувствувала изморено, што тогаш сметале дека е заради вадењето на крв, но кога дошле трети пат само им ваделе крв, а тогаш немале исцрпеност, ниту слабост.

„На основа на тоа заклучувам дека чувството на истоштеност после првиот термин било предизвикано до вакцината“, вели таа и додава дека покрај тоа, слушнала неколку постари луѓе кои зборувале за несаканите ефекти и кои рекле дека мислат дека добиле плацебо, бидејќи немале никакви несакани дејства.

– Претпоставувам дека вакцината би требала да предизвика посилни несакани ефекти кај постарите луѓе, според тоа ако тие не почуствувале ништо, а јас почуствував, тоа значи дека јас ја примив вакцината, заклучила таа.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот