Исповед на Михајловиќ: Му простив на најдобриот пријател од детството кој ми пукаше во мојата слика и ми ја запали куќата

фото:твитер

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, открива дека во 2015 година го посетил своето родно место, Борово во Хрватска и тоа маскиран со капа и со наочари. Тој исто така открива дека неговата куќа била разрушена за време на граѓанската војна во поранешна СФР Југославија, а тоа го сторил неговиот најдобар пријател од детството.

– Благодарение на мојот притисок, родителите се преслеија во Белград, а малку подоцна ни се приклучи и братот Дражен. Потоа дознавме дека нашата куќа е минирана и дека некој испукал куршум во мојата слика на ѕидот. Во тој грозен чин претставуваше јасна порака. Кој би можел да фрли бомба на нашата куќа и кој и зашто пукал во мојата и во сликата на Дражен?

Тие прашања ме прогонуваа се додека не ја дознав вистината. Тоа го сторил Стипе, еден од моите најдобри пријатели од детството кого го сметав како брат. Се видовме во 2000. година во Загреб кога дојде во хотелот во кој бевме и ме праша дали знам се. Ми призна дека ја запалил куќата но и дека си спасил моите родители. Му простив – открива Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот