ИСПОВЕД НА ЛУТА НЕВЕСТА: Ни празни пликоа немаше да ме налутат како ОВА!

венчавка свадба
Архива / Unsplash / Louis Tosta

Една невеста доживеала доста непријатно искуство на својата свадба и тоа од луѓе кои ги сметала за блиски.

Ова е нејзината исповед:

Од моментот кога ја планиравме свадбата никогаш не помислив колку би чинеле подароците кои ќе ни ги донесат. А и кога ме прашуваа што ни треба им велев дека дури и да планирале да потрошат нешто ситно, подобро да ни го дадат како пари, наместо да купуваат подарок. Ми беше непријатно кога ја кажував таа реченица, но навистина мораше така.

Всушност, ретко кој веќе купува реален подарок, сите ставаат во плико. Сопругот и јас сами си ја финансиравме свадбата, а планиравме со подароците да бидеме на некоја позитивна нула, а ако нешто остане, да купиме некои потребни предмети за домот.

Навистина не ми беше важно кој колку ќе донесе. Од собраната сума успеавме да ја исплатиме свадбата и да си докупиме уште нешто. Но, се случи и нешто друго…

Сум слушнала за популарниот тренд „празно плико“. Кај нас немаше такви. Но, се случи нешто што ме изненади. Неколку гости, од кои најголемиот број од моја страна, се појавија без подарок. Јас немам образ да отидам на свадба со празни раце. Подобро би останала дома и би отишла на гости, отколку воопшто да не однесам никаков подарок.

Подеднакво бев благодарна и на оние кои издвоија 50 и на оние кои издвоија 200 евра за подарок. Но, најмногу ме болеше што оние со празни раце беа највесели, кажуваа дека најубаво си поминале, постојано беа околу шведската маса, а се „потепаа“ и за уште едно парче торта.

Свадбите се закажуваат со месеци порано. Сите имаме време да одлучиме дали можеме да однесеме подарок и во која вредност ќе биде. Ако грешам, поправете ме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот