Исповед на легендарниот Бразилец за смртта на синот: Плачам, плачам, плачам…

twitter/oglobo

Кафу со својот син Данило (30 години) и пријателите играше фудбал кога оддеднаш му се слоши на младото момче. Иако лекарите се обидуваа да го спасат, Данило почина од последиците на срцениот удар. Два месеци подоцна, поранешниот фудбалер на Милан и на бразилската репрезентација со кои ги освои сите титули, за прв пат зборуваше за трагедијата.

– Данило и јас бевме во иста екипа, а за време на паузата тој излезе додека јас продолжив да играм. Три минути подоцна видов дека нешто се случува покрај теренот. Го видов сопствениот син како лежи на тревата и ме фати паника бидејќи и во минатото имаше проблеми со срцето. Од брза опмош ни кажаа дека доаѓаат за 10 минути, по моравме со автомобил да го однесеме во болница бидејќи состајбата му се влошуваше. Докторите направија се за да го спасат неговиот живот. По еден и пол час борба, докторот ме повика, а јас му кажав: Не ми зборувајте ништо, знам се“. Тогаш почнав да плачам и да се молам Господ да не ми го зема детето – зборува Кафу за „Рекорд“.

Поранешниот фудбалер зборуваше и за погребот.
– На никого не му посакувам да го погреба своето дете. На секој пет дена одам на неговиот гроб и сè уште не сфаќам што се случи. Сè уште не собрав сила и да влезам во неговата соба. Не можам да го опишам чувството додека фрлаш земја врз своето дете – низ солзи во очите зборува Кафу кој не може да се помири за загубата.
– Плачам, плачам и плачам. Солзите се единственото нешто што излегува од мене.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот