ИСПОВЕД НА БРИТАНКИТЕ КОИ ПОРАДИ 11 КИЛОГРАМИ КОКАИН ЗАВШИЈА ВО ПЕРУАНСКИ ЗАТВОР: „Во затворот живееја како да нема утре“

Фото: ЕПА

Во светските медиуми ова беше главната приказна во летото 2013 година. Две девојки, едвај полнолетни, уапсени се на аеродромот во главниот перуански град Лима. Во нивниот багаж се пронајдени дури 11 килограми кокаин кои се обидувале да ги шверцуваат во Европа, објави српски „Телеграф“.

Двете Британки, тогаш 20-годишната Михаела Меколум Коноли и 19-годишната Мелиса Рид, биле курири кои за потребата на шверцери требале да пренесат кокаин во Мадрид, а потоа до Мајорка, за да се задоволат потребите на пазарот на нивните партнери во Шпанија. За работата добиле по 5.000 фунти, во тогашна противвредност од околу 6.700 евра.

Откако беа фатени, беше јасно дека ги очекува казна-затвор, а во еден момент им се закануваа и 15 години зад решетки. Првично, тие велеа дека не се виновни, дека биле присилени под закана од оружје, но набрзо потоа им стигна објаснување – признајте дека сте виновни, соработувајте и подобро ќе поминете.

Така и се случи, на крајот од судската постапка тие добија по шест години и осум месеци затвор. Иако на слобода требаа да излезат дури во 2020 година, двете се пуштени пред истекувањето на затворската казна. Меколум доби право на условна слобода дури во март 2015 година, но мораше да остане во Перу до февруари 2016 година, додека Рид во татковината се врати во јуни 2016 година.

„Мислев дека Перу е град во Шпанија“

Сега сите детали од оваа необична приказна се познати благодарение на овообјавената книга на Михаела Меколум наречена “You’ll Never See Daylight Again” (Никогаш нема да го видиш светлото на денот), во која таа изнесе се што претходело на обидот за шверц на дрогата, како и своите искуства од перуанскиот затвор.

Двете тоа лето работеле на шпанскиот остров Ибица, Михаела била хостеса и танчерка во еден клуб и ја добила претходно споменатата понуда од еден локален дилер. Се што требала да направи е да ја префрли дрогата од Барселона до Мајорка. Но, кога стигнала во Барселона, планот се променил. Ѝ рекле дека дрогата мора да ја донесе од Перу и таа се согласила. Имено, девојката мислела дека Перу еден од градовите во Шпанија – сфатила дури во авионот кога се возела повеќе часови.

– Пораснав како католик во протестантската Северна Ирска. Само сакав да избегам. Мислев дека ќе го најдам својот мир на Ибица, ми требаше нов почеток. Го добив, но не онака како што очекував. На почетокот се почувстував среќна, слободна, но потоа почнав да одам на многу забави и не мислев дека толку ќе излезам од контрола – се сеќава Меколум, која уште во тинејџерските денови започнала да експериментира со дрогата.

Кога стигнале во Лима, се однесувале како обични туристки. Потоа добиле повик и се сретнале со некој човек кој им го предал кокаинот. Тој им рекол да не се грижат, дека цариниците се подмитени и дека се ќе биде во ред.

Набрзо по доаѓањето на аеродромот, сфатиле дека тоа нема да помине толку лесно. Цариниците им го провериле багажот и веднаш потоа биле уапсени. Меколум вели дека така никогаш во животот не се почувствувала толку посрамена.

Жените во затворот се однесувале како „утре да не постои“

Михаела раскажува дека животот во перуанскиот затвор бил многу тежок. Во нивниот случај, тоа значело дека просторот го делеле со 200 други жени. Таа била згрозена од хигиенските услови, корупцијата на ниво дека затворските чувари разменувале цигари во замена за с*кс, а особено била запрепастена со отворените сексуални односи меѓу затвореничките.

– Неверојатно беше како се однесуваа тие жени. Како „да не постои утре“. Целосно бев запрепастена – пишува таа во својата кинга.

За биографијата добила дури 100.000 фунти?

Сепак, спогодбата ѝ овозможила да го напушти затворот пред време. По враќањето во Британија, таа се запишала на факултет, станала мајка на близнаци, а успеала и да ги уновчи своите искуства. На Инстаграм има над 38.000 следачи, додека според некои процени, за биографијата би можела да добие дури 100.000 фунти.

Сепак, покрај се, таа вели дека сака да ја зачува својата приватност. Рече дека одбивала повеќе понуди за телевизиски настапи, а призна дека сака и да побегне од Британија. Интересно, таа сака да оди во Шпанија, каде нејзините неволји привчно започнаа, завршуваат од „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот