Испорака на нов автомобил во доба на коронавирусот на кинески начин (ВИДЕО)

Кинеската фирма за автомобили Гили смисли иновативен начин кој подразбира потполна бесконтактна достава на новите автомобили до купувачите.

Пандемијата на коронавирусот тешко погоди многу еконмски гранки, вклучувајќи ја и авто-индустријата. Освен на производството, оваа ситуација драстично се однесува и на продажба на нови, веќе направени возила.

Со обзир дека епидемијата прво ја погоди Кина, тамошните компании за автомобили уште во февруари се обиделе да најдат начин да допрат до потенцијалните купувачи.

Така Гили, откако продажните салони останале без посетители, покренале сопствена онлајн продажна услуга, која овозможува не само купувачот да одбере свое возило туку и да му биде испорачано на домашна адреса – најпрво заради тест возење, а подоцна и за постојано – ако се одлучи да го купи.

Како што велат тие, на тој начин досега продале преку 10.000 возила, додека уште 110.000 потенцијални купувачи се регистрирале на овој сервис и изразиле желба на тој начин да дојдат до својот автомобил.

Гили снимиле видео во кое е прикажано како изгледа испорака на нов автомобил купен преку онлајн сервис. Според нив, испораката е практично бесконтактна.

Новиот автомобил, кој е претходно темелно дезинфициран, се носи до домашната адреса на купувачот, а посебно интересна е испораката на клучевите на возилото.

Гили смислија иновативна постапка која вклучува дронови. Клучевите прво се ставаат во пластична ќеса, која се закачува за дронот и се носат до купувачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот