Исполнетост на ковид капацитетите во Македонија: Хоспитализирани 873 пациенти, околу 150 слободни кревети

Инфективна клиника/ Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни  на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациенти, во Кочани – 18, во Кичево – 21, во Кавадарци – 46, во Гевгелија – 16 лица, а во Дебар – 9 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот