Исплатени 3,2 милјарди денари за обештетување на депоненти од „Еуростандард банка”

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

До денеска се исплатени вкупно 3,2 милјарди денари за обештетување на депонентите од „Еуростандард банка” која е во стечај.

Од Фондот за осигурување на депозити информираа дека тоа е близу 77 проценти од вкупните средства упатени до четирите банки преку кои се врши исплатата на обештетувањето.

До денес се исплатени и близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на „Еуростандард банка”.

– Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот, се наведува во соопштението од Фондот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот