Исплатени 23,5 милиони евра од „КОВИД 3″

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента „КОВИД 3″, која се реализира со финансиска поддршка од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со вчера, 5 март, се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик или 96,7 отсто од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.

Како што соопшти Развојната банка на Северна Македонија, досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.

Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот