Исплатата на августовските пензии почнува од 30 август

Фото: Архива на СП

Од 30 август ќе почне исплатата на августовските пензии. Исплатата ќе се врши во четири групи до 2 септември.

Владата на денешната седница им препорача на банките преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензиите за пензионерите кои не користат картички, во четири групи почнувајќи од вторник, 30 август.

Пензиите до 11 илјади денари ќе се исплаќаат на 30 август, пензиите до 14 илјади денари на 31 август, пензиите до 18 илјади денари на 1 септември, а исплатата на пензиите над 18 илјади денари ќе се врши на 2 септември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот