Испитување: Само 26 отсто од Французите имаат доверба во властите во борбата против тероризмот

Фото: EPA-EFE/Frederic Scheiber

Најновиот барометар за безбедноста на Фидусиал/Одокса покажува дека релативниот кредит на властите кај Французите падна за 18 поени од јули односно само 26 отсто од нив имаат доверба во нив во борбата против тероризмот, јави дописникот на МИА.

Французите ја губат довербата во нивната влада во борбата против тероризмот. Тоа го покажува најновото испитување на Фидусиал/Одокса, објавено од „Фигаро”, направено по обезглавувањето на професорот по историја и географија Самуел Пати во „Конфлан-Сен-Онорин” (Ивелини) и пред последниот атентат во Ница.

Сега, само 26 отсто од Французите сè уште имаат доверба во властите да ги заштитат, што претставува спектакуларен пад од 18 поени од јули и 7 поени за една недела.

Иако испитувањето е направено во жарот на многу силната национална емоција предизвикана од атентатот врз наставникот, резултатите од оваа истрага зборуваат за трендот.

-За четири години, повеќе од 40 отсто од Французите веруваа дека владата е способна да ги заштити, со исклучок на октомври 2019 година, ден по нападот на седиштето на полицијата во Париз (36 отсто), наведуваат аналитичарите кои додаваат: – Различните напади што ја погодија Франција во овој период очигледно имаа ефекти врз овој индикатор, но тие останаа содржани (од 7 до 8 поени).

Авторите на барометарот притоа заклучуваат:

-Во овој месец октомври, релативниот кредит на владата за терористичкото прашање целосно се распаѓа. Тој слабее од летото, падна од 44 отсто во јули на 33 отсто на 15 октомври. Во време кога големи закани се надвиснуваат на прославата на Денот на сите светци, но исто така и напнатоста со враќањето од распуст во училиштата следниот понеделник, зајакнувањето на безбедносните мерки никогаш не изгледало толку императивно за враќањето на довербата.

Сè уште според анкетата, спроведена една недела пред нападот во Ница, 57 отсто од Французите веруваат дека полицијата е „недоволно присутна и видлива пред верските места”. Најавеното засилување со 4.000 војници од операцијата „Сантинел” околу гробиштата и местата за богослужба е со цел да ги увери дека владата работи на нивната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот