Испаѓаат од лигата, а продаваат играч за 55 милиони евра!

EPA-EFE/Cath Ivill

Математички Норич и натаму има шанси да обезбедат опстанок во Премиер лигата, на четири кола до крајот на сезоната е на последното 20 место со 21 бод, 10 помалку зад Ватфорд кој е во безбедната зона.

Норич веќе го преселуваат во Чемпионшип, а според британските медиуми „канаринците“ веќе размислуваат за следната натпреварувачка сезона.

Информациите велат дека се подготвени да го продадат еден од нивните најдобри играчи, Бен Годфри.

Норич бара 55 милиони евра од Лајпциг и Борусија Дортмунд кои покажаа интерес за 22-годишниот дефанзивец.

Неодамна одигра одличен натпревар против Манчестер јунајтед во четвртфиналето од ФА купот. Има договор со клубот до лето 2023 година, но и самиот фудбалер бара начин да си замине со оглед на тоа што испаѓањето во Чемпионшип ќе му ја намали платата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот