Исмаил Ханије е реизбран за главен лидер на Хамас

Палестинската исламска организација Хамас објави дека го реизбрала Исмаил Ханије за свој врховен лидер.

Ханије, кој живее во прогонство, беше избран за наредните четири години.

Тој беше соработник на основачот на Хамас, Ахмед Јасин, кој беше убиен во израелскиот напад во 2004 година.

По парламентарните избори во 2006 година, една година пред екстремистичкиот Хамас насилно да ја преземе контролата врз Појасот Газа од поумерениот ривал Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Ханија стана премиер на Палестина.

Тој тогаш беше лидер на Хамас во Газа, додека во 2017 година не беше избран за главен водач на организацијата што Израел и САД ја сметаат за терористичка.

Тој ја напушти Газа во 2019 година и оттогаш живее повремено во Турција и Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот