Исланѓаните не знаат за депресија

За одредени болести, најчесто хронични, како што се депресијата и срцевите заболувања, многу народи во светот скоро и да не знаат. Иако некои од нив го живеат животот со потешкотии поради лошите услови за живот, остануваат здрави, а често и се долговечни. На нивното добро здравје всушност влијае токму специфичниот начин на живот и исхраната, покажало едно интернационално истражување.

Депресијата го заобиколува Исланд, иако постојат сите услови за присуство на оваа болест поради тмурното време и ветровите. Но кај Исланѓаните депресијата е многу малку присутна благодарение на исхраната богата со омега 3 масни киселини, бидејќи Исланѓаните јадат големи количини риба и јагнешко месо кои се богати со масни киселини.

Срцеви заболувања не ги мачат луѓето од Крит бидејќи традиционално јадат медитеранска храна. Овие луѓе спаѓаат меѓу најздравите народи бидејќи консумираат маслиново масло пребогато со моќни антиоксиданси. Тие јадат и двопек кој е полн со влакна, застапен е зелениот лиснат зеленчук, а за десерт јадат јогур помешан со мед. Експертите веруваат дека нивното здравје е на завидно ниво и поради малата количина црвено месо што ја консумираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот